• петок, 22 ноември 2024

Млади мобилизатори со иновативни иницијативи за зголемување на граѓанскиот ангажман и јавна одговорност на локално ниво

Млади мобилизатори со иновативни иницијативи за зголемување на граѓанскиот ангажман и јавна одговорност на локално ниво
Скопје, 17 септември 2021 (МИА) -  Шеснаесет млади луѓе од осум различни региони шест месеци ги следеа ветувањата на Владата дадени во рамки на Програмата за работа на Влада 2020-2024 година и спроведоа иновативни иницијативи за зголемување на граѓанскиот ангажман и јавна одговорност на локално ниво. Станува збор за дел од првата генерација мобилизатори во заедницата поддржани во рамки на Проектот „Поддршка за изборни реформи“, а нивна задача е преку различни активности, иницијативи и канали да ја информираат и мобилизираат локалната заедница со цел активно следење на работата на Владата и реализираните ветувања. Како што информираат од Интернационалната фондација за изборни системи, само во првите месеци од 2021 година, повеќе од 1 500 граѓани биле вклучени во дебати и работилници во рамките на овие иницијативи, односно, се информирале за прашања и можни решенија поврзани со теми важни на локално ниво. Во моментов, втората генерација сочинета од 24 мобилизатори на заедницата од сите развојни региони во државата активно го мониторираат исполнувањето на владините ветувања и преку иновативни иницијативи ги мобилизираат граѓаните да бараат отчет од власта за сработеното. „Поддршка на изборните реформи во Република Северна Македонија“ е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и има за цел да ги поддржи демократските и веродостојни изборни процеси кои го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција со тоа што на гласачите им овозможуваат да ги изберат своите претставници и од нив да бараат отчетност.ар/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан