• петок, 05 јули 2024

Младите од Делчево се едуцираа за укажување помош при повреда во планина

Младите од Делчево се едуцираа за укажување помош при повреда во планина

Делчево, 27 мај 2024 (МИА) - Во Делчево реализирана едукативна работилница за укажување Прва помош при повреда во планина. Работилницата се реализираше как дел од соработката помеѓу Црвен Крст Делчево и Планинарски-спортски клуб Голак од Делчево.

-Имаме практични показни вежби од Првата помош. Чест и задоволство како волонтер е да ја имам можноста да научам како да помогнам, особено при повреда во планина. И самата сум планинар и затоа денешната обука ќе ми биде од огромна корист за надополнување на моето знаење од областа на Првата помош, истакна волонтерот Сара Ангелова.


За планинарот и претседател на ПСК ,,Голак" Љупчо Чучуковски, најважно е што младите ќе направат ревизија на своите знаења по прва помош.


-Младите ги запознавме со теоретски и практичен дел како да се постапи при повреда во планина. За нас е задоволство да ја продолжиме соработката со Црвен Крст која ја негуваме долги години и со тоа со младите да ги повториме знаењата од оваа област, додаде Чучуковски.

Делчевските волонтери пред две недели беа меѓу петте најдобри на Регионален натпревар по Прва помош, со што обезбедија учество на понатамошните натпревари. вс/лв/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан