Младите во Прилеп се запознаа со пожарникарската професија
- Прилепскиот противпожарен дом - поранешното средно електромашинско училиште, го посетија и возрасни и деца, а пожарникарите одговараа на прашања и ја објаснуваа улогата на пожарникарот. Младите добија и совети за заштита од пожари преку едукативниот дел од активностите.

Прилеп, 20 мај 2024 (МИА) - Со отворен ден и свечени активности, прилепските пожарникари го одбележаа 20 мај - Денот на пожарникарите.
Прилепскиот противпожарен дом - поранешното средно електромашинско училиште, го посетија и возрасни и деца, а пожарникарите одговараа на прашања и ја објаснуваа улогата на пожарникарот. Младите добија и совети за заштита од пожари преку едукативниот дел од активностите.
Во Прилеп досега се регистрирани 280 интервенции на единицата. Инаку, бројот на пожари е зголемен за 30 отсто во споредба со лани кога биле 814, што е најголем број досега и упатува на сериозни предупредувања и апели до граѓаните, особено на прагот на летото.
- Во претсезоната сме на пожари на отворен простор и упатувам апел до граѓаните да внимаваат и да не палат шумски и земјоделски површини, рече Кристијан Момироски, командир на прилепската противпожарна единица. ем/бд/
Фото: МИА