• вторник, 25 јуни 2024

Младиот Гуџуфи потпиша со Бешикташ

Младиот Гуџуфи потпиша со Бешикташ
Истанбул, 17 мај 2021 (МИА) – Македонскиот младински фудбалски репрезентативец Бесар Гуџуфи од денеска е нов член на Бешикташ, потврди официјално новиот турскиот шампион. Како што е соопштено, 16-годишниот Гуџуфи со турскиот фудбалски гигант потпишал договор на пет години. Гуџуфи, кој потекнува од младинската школа на Вардар, се сели во Турција од редовите на Беласица каде мина во есенската полусезона и постигна два гола, додавајќи и три асистенции, на 12 натпревари за струмичката екипа. За Гуџуфи сериозен интерес покажуваа и турскиот прволигаш Трабзонспор, како и хрватскиот шампион Динамо Загреб. ег/фф/

Остани поврзан