• среда, 04 септември 2024

Младинското здружение „Култура Бета“ заедно со кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“ организираат донаторска акција на стари книги

Младинското здружение „Култура Бета“ заедно со кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“ организираат донаторска акција на стари книги

Скопје,4 септември 2024 (МИА) - Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ во соработка со кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“ организираат донаторска акција за стари книги со цел собирање средства за поддршка на младинската култура и настаните кои ги организира „Култура Бета“Книгите може да се донираат во кафе-книжарницата „Илика“ во периодот од 20. август до 20. септември, а кон крајот на септември ќе биде органзиран донаторски базар на стари книги, како и целодневна културна програма со млади уметници. Средствата собрани од базарот ќе бидат искористени со цел поддршка на младите уметници, како и понатамошно организирање младински културни настани, информираат од „Култура Бета“.

-Ако имате вишок, дупликати, книги со кои сте скарани, книги што мислите дека треба и други да ги прочитаат или едноставно сакате да им олесните на вашите преполнети полици, имаме одлична шанса каде да ги дадете вашите стари, прочитани книги и тие да завршат во добри раце!“ повикуваат од „Култура Бета“

 „Култура Бета“ е здружение формирано од млади луѓе кое скоро пет години посветено работи на ширење, афирмација и давање глас на младинската култура. Нивната активност се состои од секојдневно објавување на текстови, поезија, осврти, критики поврзани со различните видови уметност на нивната социјална платформа, но исто така и организација на културни настани, промовирање на млади книжевници, ликовни уметници, музичари, фотографи.

Воедно  потенцираат дека ваков настан „од заедницата за заедницата“ се организира со цел поголемо вмрежување на уметниците, креирање на култура во помали, неформални и независни простори, како и поттик за формирање културна заедница која ќе си помага меѓусебе.ад/

Фото: МИА архива

Остани поврзан