• сабота, 18 мај 2024

Младинската репрезентација на Уругвај ја победи Италија и за прв пат стана светски шампион

Младинската репрезентација на Уругвај ја победи Италија и за прв пат стана светски шампион

Ла Плата, 12 јуни 2023 (МИА) – Фудбалската репрезентација на Уругвај ноќеска ја совлада Италија со 1:0 во финалето на Светското младинско првенство.

 

Стрелец на единствениот гол во 86. минута беше Лучијано Родригез.

 

Во 81. минута италијанскиот играч за врска Матео Прати доби црвен картон поради груб старт, но главниот судија на средбата по помошта на ВАР го смени отстранувањето во жолт картон.

 

Младинската репрезентација на Уругвај за прв пат стана светски шампион. Во 2013 година, Уругвајците загубија во финалето од Франција.

 

Во натпреварот за 3.место, Израел ја совлада Јужна Кореја со 3:1. зс/

 

Фото: Фејсбук ФИФА

Остани поврзан