МКЦК преговара со Израел и Хамас за ослободување на заробениците во Газа
- „Како неутрален посредник сме подготвени да спроведеме хуманитарни посети, олеснување на комуникацијата меѓу заложниците и членовите на семејствата и да се олесни секое евентуално ослободување“, нагласи во денешната изјавата Фабрицио Карбони, регионален директор на МКЦК за Блискиот Исток

Женева, 12 октомври 2023 (МИА) - Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) е во контакт со Хамас и со Израел во обид да преговара за ослободување на заложниците земени во Газа.
„Како неутрален посредник сме подготвени да спроведеме хуманитарни посети, олеснување на комуникацијата меѓу заложниците и членовите на семејствата и да се олесни секое евентуално ослободување“, нагласи во денешната изјавата Фабрицио Карбони, регионален директор на МКЦК за Блискиот Исток. сд/