МКС го отфрли барањето на Дутерте да биде ослободен до судењето
- Адвокатите на 80-годишниот Дутерте изјавија дека тој не е способен да се соочи со судењето поради когнитивно оштетување и побараа негово привремено ослободување.
Хаг, 10 октомври 2025 (МИА) - Меѓународниот кривичен суд (МКС) го отфрли барањето на поранешниот филипински претседател Родриго Дутерте да биде ослободен до судењето, според судски документи објавени денеска.
Адвокатите на 80-годишниот Дутерте изјавија дека тој не е способен да се соочи со судењето поради когнитивно оштетување и побараа негово привремено ослободување. Тие исто така рекоа дека нема ризик поранешниот претседател да избега или да го загрози судењето.
Но, судиите пресудија дека Дутерте треба да остане во притворниот центар на МКС во Хаг за да се обезбеди неговото присуство на судењето и да не се загрози судењето.
Дутерте беше уапсен и однесен во Хаг во март по налог за апсење издаден за негова наводна поврзаност со убиства извршени за време на неговата „војна против дрогата“ на Филипините, во која беа убиени илјадници осомничени дилери на дрога и зависници.
Судиите пресудија дека здравјето на Дутерте не го елиминира ризикот за судењето доколку биде привремено ослободен. мс/
фото: МИА архива