МИ 2022: Таеквондистот Георгиевски избори полуфинале
- Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски се пласира во полуфиналето на Медитерански игри во Алжир.
Оран, 3 јули 2022 (МИА) – Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски се пласира во полуфиналето на Медитерански игри во Алжир.
Медалистот од последната Олимпијада, денес во четвртфиналната борба на Игрите во Оран, во категоријата +80 кг помеѓу го победи Ахмад Мохамад од Египет со 20:18.
Македонецот против себе имаше одличен противник кој по две рунди имаше водство (14:12). Георгиевски во последната рунда влезе самоуверено и одлучно да стигне до победата и успеа во својата намера.
Претходно во текот на денот, македонската таеквондистка Сања Поповска загуби од Ашракат Дарвиш (Египет) во категоријата -57 кг. во 1/16финалето. зс/