Миќовиќ нов кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром
- Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ги засили своите редови за претстојната домашна сезона и настапот во АБА лигата со српскиот кошаркар Страхиња Миќовиќ.

Скопје, 15 јули 2022 (МИА) - Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ги засили своите редови за претстојната домашна сезона и настапот во АБА лигата со српскиот кошаркар Страхиња Миќовиќ.
Српскиот крилен центар има големо искуство во регионалното натпреварување каде настапуваше за Игокеа и Морнар, од каде ги засили редовите на МЗТ Скопје.
Македонскиот шампион соопшти дека со ангажманот на 30-годишниот центар продолжување со формирањето тим за борба за титулите на домашната сцена и достојно претставување на македонската кошарка во АБА лигата.
Претходно овој месец, МЗТ Скопје Аеродром потпиша договор со Американецот Мајк Кафи. ег/ар/