• недела, 24 ноември 2024

Мишел: Мора да обезбедиме противвоздушна одбрана и воена поддршка за Украина 

Мишел: Мора да обезбедиме противвоздушна одбрана и воена поддршка за Украина 

Брисел, 17 април 2024 (МИА) - Мора итно да обезбедиме противвоздушна одбрана за Украина и да ја забрзаме испораката на сета воена поддршка за земјата, вклучително и муниција, објави доцна вечерва на социјалните мрежи претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел за време на првиот ден од Специјалниот самит на Унијата. 

- Со претседателот Володомир Зеленски разговаравме за најновите случувања во Украина. Силно ги осудуваме нападите на Русија врз критичната инфраструктура, особено врз енергетскиот сектор, наведе Мишел во објава на Икс. 

Тој во друга објава истакна и дека ЕУ има стратешки интерес за стабилно и безбедно опкружување во Источниот Медитеран и за развој на кооперативни и взаемно корисни односи со Турција. 

- Важно е да се обноват преговорите за решавање на кипарското прашање и да се постигне напредок. ЕУ е подготвена да игра активна улога во поддршката на тој процес предводен од ОН, додаде Мишел во објавата. 

Случувањата во Украина, односите на ЕУ со Турција, како и кипарското прашање, заедно со состојбата на Блискиот Исток, се меѓу темите на дневниот ред на денешниот прв ден од дводневниот Самит на Унијата, кој е последен предвиден собир на лидерите на блокот пред евроизборите во јуни. сп/

Фото: Икс

Остани поврзан