• петок, 05 декември 2025

Мицотакис и Ел-Сиси телефонски разговарале за потребата за зајакнување на соработката во миграцијата

Мицотакис и Ел-Сиси телефонски разговарале за потребата за зајакнување на соработката во миграцијата

Атина, 24 јули 2025 (МИА) – За потребата за зајакнување на соработката во областа на миграцијата, како и за регионалните случувања, со акцент на ситуацијата во Газа и случувањата во Либија, телефонски разговарале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и египетскиот претседател Абдел Фатах Ел-Сиси, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираа од кабинетот на премиерот на Грција, Мицотакис и Ел-Сиси ја истакнале важноста да се продолжи соработката и координацијата меѓу двете земји прашањата што се однесуваат на морските зони во Источниот Медитеран „во корист на безбедноста и стабилноста во регионот“.

Исто така станало збор и за напредокот во разговорите меѓу Грција и Египет во однос на манастирот Света Катерина во Синај и потребата наскоро да се постигне договор. ср/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан