• петок, 22 ноември 2024

Мицотакис за пожарите: Спасивме илјадници човечки животи

Мицотакис за пожарите: Спасивме илјадници човечки животи
Атина, 12 август 2021 (МИА) -  Спасивме илјадници човечки животи и наш прв приоритет беше и е спасување на животите, на луѓето и на животните, а најважно е што немавме жртви, порача, меѓу другото, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешната прес конференција со грчките новинари и странските дописници за катастрофалните пожари што ја зафатија земјата, јави дописничката на МИА од Атина. -Го имавме најголемиот пожар во последните најмалку 15 години со речиси 100 истовремени пожари секој ден. Бројот 112, одновото воспоставување од нула на Цивилната заштита , но и меѓународната  практика на организирани евакуации донесоа резултат, истакна Мицотакис. За евентуалните грешки и одговорности, рече дека тоа дополнително ќе се разгледа, а „не за време на битката“ -Сметам дека е важно, со мирна глава да видиме што беше погрешно направено и да станеме подобри, истакна Мицотакис, додавајќи дека ќе се работи на превенција, за следната година да бидат подобри и пофикасни. Најави нови вработувања во противпожарната служба и снабдување со нови воздушни средства, а паралелно се осврна и на меѓународната помош што ја доби земјата, говорејќи за „дипломатија на соолидарност“. Рече дека помогнале и помагаат 24 земји, кои веднаш одговориле на грчкото барање доставено само неколку часа откако сфатиле дека не можат сами да се справат со огнената стихија. На денешната прес конференција што траеше речиси два часа, грчкиот премиер најави мерки за во иднина да се сречат поголеми катастрофи, рече дека во Парламентот ќе се донесе климатски закон, што ќе биде и прв од таков тип во Грција, истакна дека наместо „климатски промени“, поправилно веќе е да се користи изразот „климатска криза“. Во однос на причините за пожарите и дали се подметнати, рече дека правдата ќе истражи и одлучи дали постоел организиран план за потпалување. Паралелно, ги отфрли теориите дека намерно се гори за да се изградат ветерници, објаснувајќи дека грчкиот Устав налага целата изгорена површина да биде прогласена за област за пошумување. Одговарајќи на новинарско прашање за предвремени избори, Мицотакис категорично ги отфрли таквите сценарија и истакна дека актуелната Влада ќе го искористи четиригодишниот мандат. ср/  

Остани поврзан