Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на дел од автопатот Кичево - Охрид
- Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на пуштањето во употреба на првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид, на потегот од Врбјани кон Охрид, со прекин кај Ботун.
Скопје, 13 јули 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на пуштањето во употреба на првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид, на потегот од Врбјани кон Охрид, со прекин кај Ботун.
Останатиот дел од автопатот, според официјалните информации, би требало да заврши до крајот на 2026 година.
Вкупната должина на автопатот изнесува 57 километри.
Проценетата вредност за автопатот Кичево-Охрид што се гради 10 години, е 589 милиони евра според Анекс бр. 3 на Договорот. дма/сст/
Фото: МИА архива