• петок, 04 октомври 2024

Мицкоски: Секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни

Мицкоски: Секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни

Скопје, 11 септември 2024 (МИА) - Секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни за квалитетен живот, порачаа денеска премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари.

Како што истакнаа Мицкоски и Таравари во обраќањата на настанот по повод здравствените политики, мора јасно и транспарентно да се посочат предизвиците со кои се соочуваат институциите, а следниот клучен чекор е оптимизирање на финансирањето за проширување на позитивната листа.

-Пристапот до квалитетни лекови не е само приоритет, туку основна владина определба за заштита на граѓаните и поздрава иднина. Мора да се зајакне соработката меѓу сите институции од областа на здравството. Заедничкото делување ќе донесе одржливи решенија, истакна Мицкоски.

Според Таравари, Владата вети дека ќе го подобри пристапот до квалитетни лекови и тоа го реализира.

На отворениот дел од настанот воведни обраќања ќе имаат и директорката за здравствени политики и системи во регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Наташа Азопарди Мускат и претставникот на СЗО за Северна Македонија, Аким Али. мч/дма/

Фото: МИА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан