Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
- - Јас сум секогаш подготвен за средба. Апсолутно можеме да договориме средба и немаше потреба од никакви јавни коментари поврзани со оваа тема кога јас многу јасно ова сум го предложил уште минатата година само тогаш беше на четири рати бидејќи беше опфатена и 2025 година. Сега, бидејќи 2025 е зад нас, остануваат три години, односно две години и два - три месеца (април 2026, 2027 и 2028). Тоа е условот - да дојдат, но треба исто така во тие преговори да се согласат на веќе изминатиот од важност Општ колективен договор, да го тргнеме делот за плати којшто и онака е збунувачки, и да се посветиме на овој договор да го финализираме и во рамки на тие две години да се договориме и за тој дел. Ние сме подготвени да преговараме, изјави денеска Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.