Мицкоски положи цвеќе кај Смилковското Езеро, на местото на петкратното убиство
- Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателот Владо Мисајловски, градоначалниците на Гази Баба и на Бутел Дарко Костовски и Бобан Стефковски и пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски денеска положија цвеќе и запалија свеќи кај Смилковското Езеро.

Скопје, 12 април 2023 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателот Владо Мисајловски, градоначалниците на Гази Баба и на Бутел Дарко Костовски и Бобан Стефковски и пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски денеска положија цвеќе и запалија свеќи кај Смилковското Езеро.
- Вечна им слава на Филип Славковски, Александар Накевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Борче Стевковски, убиени на Смилковското езеро! На денешен ден 2012 година на големиот христијански празник Велики Четврток на Смилковското езеро беа убиени Филип Славковски, Александар Накевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Борче Стевковски, напиша градоначалникот Стефковски на својот Фејсбук профил.
Градоначалникот Стефковски исто така напиша „Никогаш да не се повтори! Никогаш да не се заборави!“.

Општина Гази Баба заедно со иницијативниот одбор на местото на петкратното убиство изградија црква „Светите Четириесет Маченици - Младенци“ во спомен и помен на загинатите. мд/ац/
Фото: Фејсбук на градоначалникот Стефковски