• недела, 22 декември 2024

Мицкоски: Ова се избори на кои бирате „за“ и „против“ Македонија, нема трета опција

Мицкоски: Ова се избори на кои бирате „за“ и „против“ Македонија, нема трета опција

Скопје, 11 април 2024 (МИА) -  Ова се избори на кои треба да одлучиме дали ќе постои Македонија онаква и во оваа форма во која што ја знаеме или нема да постои. Ова сериозно го мислам и го знам врз основа на информациите со кои располагам, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  при учеството на митинзите за промоција на кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова во Долнени и Македонски Брод. 

Мицкоски повика на масовност на изборите за претседател на држава и поддршка за Силјановска Давкова.

-Граѓаните имаат две опција. Македонија горда и Гордана Силјановска Давкова и другата опција каде што е Македонија засрамена и понижена која што ја претставува Стево Пендаровски. Изборот е јасен уште на самиот почеток. Затоа ве молам најпрво на 24 април да ја направиме Македонија горда, а на 8 мај уште помасовно не само горда туку и твоја, за идна влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, рече Мицкоски на митингот во Ропотово, општина Долнени. 

Секогаш кога имаме влада предводена од СДСМ, како што рече, македонскиот народ и Македонија губат и се удира директно врз македонскиот идентитет.

На овие избори, посочи Мицкоски, се бира „за“ и „против“ Македонија. 

-СДС се обидува да ги претстави овие избори кои следат како избори за ЕУ или против ЕУ. Тие биле за ЕУ, а ние според нив сме биле против ЕУ и тоа е погрешна теза. Ова се избори на кои бирате за и против Македонија, нема трета опција. На овие избори бираме дали ја сакаме Македонија и ја бираме Гордана Силјановска Давкова и коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ или сме против Македонија, а тоа е Стево Пендаровски и коалицијата што ја предводи СДСМ, рече Мицкоски на митингот во Македонски Брод.

За кандидатот за претседател Стево Пендаровски рече дека е „подизведувач на политиките на ДУИ.

-Две работи кои се значајни и не треба да се заборават за Стево Пендаровски, тоа се, првата и најзначајна а тоа е дека според Стево Пендаровски, Гоце Делчев бил Бугарин. Втората и многу значајна работа е дека ако не бил избран за претседател тогаш Стево ќе се иселел од Македонија. Па ајде да му помогнеме на 24 Април да почне со пакувањето на куферите и на 8ми Мај да се исели, рече Мицкоски. 

Централниот митинг за промоција на Силјановска Давкова ќе се одржи во Кичево.лв/вг/

фото: ВМРО-ДПМНЕ 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан