• четврток, 26 март 2026

Мицкоски: Вториот изборен круг нека биде нашата јасна победа, не само во бројки, туку победа во свеста

Мицкоски: Вториот изборен круг нека биде нашата јасна победа, не само во бројки, туку победа во свеста

Скопје, 31 октомври 2025 (МИА) - Нека овој втор круг биде нашата јасна победа, не само во бројки, туку победа во свеста. Да покажеме дека народот разбира, посочува денеска преку објава на својот Фејсбук профил премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-И сега не зборувам како политичар, туку како човек што верува дека оваа земја може да биде нормална. Веруваме дека оваа земја заслужува подобро и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се труди и покрај сите предизвици да направи подобро. Идината започнува денес, не утре. Ние ја започнавме нашата иднина и нема назад, напиша Мицкоски.

Апелира граѓаните на вториот круг да изглегуваат и да гласаат гордо, достоинствено, мирно, со разум и со срце.

-Направете го вистинскиот избор. Изберете свој човек, изберете го своето место затоа што се бориме за вашата, за твојата иднина!, посочува Мицкоски. фф/са/

Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан