• недела, 24 ноември 2024

Мицкоски на средба со специјалниот пратеник на Романија за Западен Балкан, Давидој

Мицкоски на средба со специјалниот пратеник на Романија за Западен Балкан, Давидој
Скопје, 21 март 2023 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски денеска остварија средба со специјалниот пратеник на Романија за Западен Балкан, Андриан Давидоју.Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, на средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, евроинтегративниот процес, како и поголема посветеност кон безбедносни предизвици како земја - членка на НАТО Алијансата.-Претседателот Мицкоски нагласи дека Македонија ја има најкорумпираната влада, информирајќи дека доказ за тоа се секојдневните афери и криминал во кои директни учесници се високите владини функционери и претставници од СДС и ДУИ, додека граѓаните живеат во сиромаштија, владините претставници ги полнат своите џебови со државни пари, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Во однос на безбедносните предизвици, како што се наведива Мицкоски истакнал дека безбедноста на граѓаните и државата е загрозена, а владата многу неуспешно и ненавремено реагира, додавајќи дека институциите мора да се посветени на безбедноста, мирот и стабилноста на државата и граѓаните.Мицкоски, како што се посочува, рекол дека Владата се обидува уставните измени да ги протне на сила, и целиот тој процес, според него, е нелегитимен, бидејќи владата нема мандат и поддршка од страна на граѓаните. Според Мицкоски, мора час поскоро да ги започнеme преговорите со Европската унија, но истите да се базирани единствено врз основа на европски критериуми и вредности.-Токму поради ова, како и криминалот и корупцијата, катастрофалната економска состојба, Мицкоски укажа дека е потребно одржување на брзи предвремени парламентарни избори, се наведува во соопштението. 
 
На крајот на средбата, соговорниците се согласиле дека соработката треба да продолжи да се развива. ев/aa/
 
Фото: ВМРО ДПМНЕ
 

Остани поврзан