• недела, 22 декември 2024

Мицкоски на средба со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски на средба со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 1 септември 2023 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска одржа координација со пратеничката група, по која во статус на социјалната мрежа Фејсбук го потенцира барањето да не се одолговлекува седницата за уставни измени, го повторува ставот дека нема уставни измени под бугарски диктат и барањето да се почитува волјата на народот.

-Денес имав редовна координација со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Нема уставни измени под бугарски диктат. Остро сме против законските решенија кои предвидуваат зголемување на давачките, повисоки даночни опфати кои директно влијаат врз зголемување на сиромаштијата, бараме да не се одолговлекува процедурата и да се злоупотребува позицијата за да се одолговлекува седницата за уставни измени. Ќе се почитува волјата на граѓаните и нивниот интерес да не се потклекне на барањата за правење на компромиси на штета на државните интереси, пишува на Фејсбук Мицкоски. 

Собранието почна со работа по одморите со седници на неколку собраниски тела, а на 5 септември е закажана првата нова седница. ев/вг/

ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан