• петок, 05 декември 2025

Мицкоски на поставување камен темелник на спортска сала во Долно Лисиче

Мицкоски на поставување камен темелник на спортска сала во Долно Лисиче

Скопје, 14 мај 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување камен темелник на училишна спортска сала во подрачен објект на ОУ „Гоце Делчев“ во село Долно Лисиче, Општина Аеродром, соопшти владината прес-служба.

Површината на спортската сала е 650 метри квадратни, а вредност на инвестиција изнесува 31.989.202 денари, средства обезбедени од Министерството за образование и наука.

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.са/лв/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан