• четврток, 09 мај 2024

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу брзо од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу брзо од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

Скопје, 22 април 2024

Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека веднаш по изборите, уште првиот ден ќе остварам контакт со нив за заедничка соработка која ќе се темели на принципи околу кои ќе се обединиме.

Уште истиот ден се јави Али Ахмети, нервозно одговарајќи, прозивајќи ме со навреди и доза на закани, но треба да знае дека неговите закани не само што не ме заплашуваат, туку и добро ме засмејуваат.

Заканите доаѓаат од човек пред политичка пензија, помалку и заборавен, но сепак со добро грло, кое го вежба пеејќи по државни институции, и партиски прослави.

Важен му бил на Али мојот оброк од детството, хммм…, чудно 🤔 па се обидува заканите преку вицови да ги испрати. Ќе му одговорам! Мојот оброк Али во детството го печалеа моите родители со многу љубов и жртва да ме израснат и воспитаат во личност која ќе почитува и ќе се бори за својата Македонија. Но што е важно? Важно е Али да дадеш одговор со што ги хранеше твоите, па денес голобради момчиња печалат милиони, ја купуваат Соравија, или пак како го спечали тој дворец во Зајас кој е како на некој блискоисточен шеик, а не политичар од сиромашната Македонија.

Ја разбирам нервозата и паниката бидејќи за прв пат сте прочитани и пред пораз. Доаѓа времето за одговори на многу прашања. Ова не е 2001ва, туку 2024та, 23 години потоа, а ДУИ го претвори во криминална организација од која страдаат и Албанците и Македонците. Многу брзо од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат…

 


Линк од ФБ објава на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ: 

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/pfbid02HRseAvRDGgJyRY2zrVuWvQMYV8wsqWtSFsJmm7N5ERgp4axDBibSwuMiGTMpeAkNl

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан