• четврток, 04 декември 2025

Мицкоски за ратификацијата: Македонија во силно сојузништво со Обединетото Кралство, промените се случуваат

Мицкоски за ратификацијата: Македонија во силно сојузништво со Обединетото Кралство, промените се случуваат

Скопје, 28 мај 2025 (МИА) - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски го поздрави донесувањето на Законот за ратифијкација на Договорот за меѓу Владите на Македонија и на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти.

-Помина во Собрание Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Ова е силно сојузништво со една од најсилните држави. Ова носи економски и политички придобивки за заедничката иднина на сите наши граѓани! Промените се случуваат, напиша премиерот Мицкоски на неговиот официјален фејсбук профил.

Собранието попладнево во рамки на 52. седница со 76 гласа „за“, шест „против“ го донесе Закот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти. вг/цр

Фото: Принтскрин Мицкоски фб

 

Остани поврзан