• петок, 22 ноември 2024

Мицкоски: Во овој парламентарен состав уставни измени нема да има

Мицкоски: Во овој парламентарен состав уставни измени нема да има

Скопје, 9 април 2023 (МИА) - Мојот став е непроменет. Промена на Устав во овој парламентарен состав нема да има, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговорајќи на прашањето за уставните измени пред почетокот на панел дискусијата „32 години на страна на младите“.

Во однос на македонскиот модел на Уставот, Мицкоски рече дека македонскиот модел може да биде само модел во кој што ќе има македонски национален консензус, а по ова прашање, како што рече, немаме консенсуз.

-Консензус се правеше кога се распродаваше Македонија. Тие тој момент го испуштија. Сега им нудам модифициран македонски модел, ист како хрватскиот модел - земја членка на ЕУ. Нека се одважат и да одиме понатаму, рече Мицкоски.

Тој повтори дека постојат притисоци, но, како што рече, на истите им се спротиставува со аргументи.

-Мојот пристап е да се спротиставам на тие притисоци со аргументи и така и ќе продолжам. До сега не сум слушнал аргумент кој ги победува аргументите кои што јас ги презентирам. Моите аргументи се елементарна логика, и тие се јавно познати. Но, ќе повторам, промена на Устав во овој Парламентарен состав нема да има. Свесен за политичката сцена која што можеме да ја платиме, излеговме во јавност дадовме предлог. Предлогот што тие го дадоа е хрватскиот модел на уставна преамбула. Рековме, еве, го прифаќаме. Но, јас сум свесен дека тие немаат ниту еден проект, ниту една реформа и континуирано повторуваат само да има уставни измени. Мојот став е непроменет, уставни измени нема да има, додаде Мицкоски.бт/аа/

Фото: Фејсбук принтскрин

 

Остани поврзан