• недела, 22 декември 2024

Мицкоски: Власта ја цензурира опозицијата

Мицкоски: Власта ја цензурира опозицијата
Скопје, 18 ноември 2020  соопштение: Цензура како во најлошите времиња на комунистичките режими.   Утре требаше да гостувам на националната телевизија Телма. Бев известен дека уредништвото на телевизијата не е среќно да се чуе гласот на најголемата политичка партија. Гостувањето откажано.   Причините може да се претпостават. Ова е само приказ за еден брутален недемократски атак кој има функција да го прикрие стравот на Заев и власта и да ја замолкне опозицијата.   Три години измислуваат, констриураат, напаѓаат и лажат, а сега и ме цензурираат. Но тоа нема да ме спречи да продолжам да ја говорам вистината, да ги поддржувам новинарите кои ја сакаат вистината и да бидам на страна на народот.   Некој сака земја во која нема опозиција. Но нема да престане да има луѓе кои мислат со своја глава. Најголем доказ дека власта е изгубена, ранлива и дезориентирана.   Жалам, но не повеќе! Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан