• понеделник, 23 декември 2024

Мицковски: Се водат тајни преговори за ново национално предавство

Мицковски: Се водат тајни преговори за ново национално предавство
Скопје, 3 јуни 2021 (МИА) - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски предмалку на својот Фејсбук профил објави дека се водат тајни преговори со кои Декларацијата усвоена од бугарскиот Парламент треба да стане дел од преговарачката рамка со ЕУ. Информациите, како што пишува во статусот, ги добил од дипломатски извори.

- Бучковски во Софија, а Заев од Скопје, деновиве координираат тајни преговори каде се нуди Декларацијата усвоена од бугарскиот Парламент да стане дел од преговарачката рамка со Европската Унија. Дел од документот на бугарското Собрание се оспорување на генезата и посебноста на македонскоит јазик, ревизија на историјата и периодот на нашата антифашистичка борба, како и присвојување на важни личности од македонската историја како бугарски и уште редица отстапки кои се погубни за Македонија, наведува Мицковски во статусот.

Според Мицковски, со ова директно земјава е ставена во позиција да преговара за македонскиот јазик и идентитет што е еднакво на предавство на македонскиот народ.

- Моите информации говорат дека сето ова, дуото Заев-Бучковски планира да биде потпишано од нив, без да има расправа и усвојување на документот во Собранието на Македонија. Ако Заев го прифати ова, тоа значи дека нѐ става во позиција да го негираме македонскиот иденитет и да прифатиме дека како народ постоиме од 1945 година, што е неболуза и срам за сите нас и за нашите предци и поколенија. Не смееме да дозволиме овие двајца политички измамници да ја понижат жртвата на нашите предци и да ја загрозат иднината на нашите потомци. Затоа треба да бидеме подготвени за одбрана на македонскиот идентитет како составен дел од европските вредности, и да не дозволиме. Да бидеме подготвени за блокади и масовни протести. Нема преминување на црвените линии, пишува Мицковски.

Во однос на португалскиот предлог, Мицковски со став дека „само политички аматер како Заев гради дебата околу предлог кој бил одбиен од бугарска страна“.

- Воедно да го споменам и следново, Заев изјавува дека ми бил даден на рака португалскиот предлог во однос на спорот Бугарија-Македонија. Само политички аматер како Зоран Заев гради дебата околу предлог кој беше експресно одбиен од бугарската страна, што подразбира дека секој следен би бил драматично полош и поштетен предлог споредено со претходниот, вели Мицковски во статусот на Фејсбук. бак/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан