Мицевски: СДС и Филипче се тргнати да градат сопствена среќа на туѓата несреќа во Кочани, тоа народот го гледа и ќе го казни
- СООПШТЕНИЕ - СДС и Венко Филипче ја злоупотребуваат трагедијата во Кочани за ситни политички поени. Само СДС може да користи трагедија како таа во Кочани за политички калкулации.

26 јуни 2025
СДС и Венко Филипче ја злоупотребуваат трагедијата во Кочани за ситни политички поени.
Само СДС може да користи трагедија како таа во Кочани за политички калкулации.
Некрофилијата на СДС оди до таму што ја подгреваат атмосферата од Советот на општина Кочани преку нивниот тепач, до јавниот настап на нивните функционери и прекиот суд на прес-конференции.
СДС и Венко Филипче имаат за цел дестабилизација на состојбата во Кочани, создавање на хаос и ширење на силна омраза помеѓу луѓето.
СДС и Венко Филипче се тргнати да градат сопствена среќа на туѓа несреќа и тоа народот го гледа и ќе го казни.
Ниту во Кочани, ниту било каде во Македонија народот им верува на СДС и Филипче. И веќе многу лесно им ги чита мотивите.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=dIsFQKdZKRY
Прес-конференција на Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.