Михајловски од Левица со конкретни приоритети за Штип: Дом за стари лица, центар за аутизам и нови инфраструктурни решенија
- Носителот на листа на Левица во Штип и актуелен советник Ангеле Михајловски, во гостување на емисијата „Стадион“ на „Канал 77“, ги истакна приоритетните проекти од локалната програма на партијата, кои, како што рече, се насочени кон директно подобрување на животот на граѓаните, се вели во соопштението од ЛЕВИЦА кое МИА го објавува интегрално.
Скопје, 7 октомври 2025 (МИА) - Носителот на листа на Левица во Штип и актуелен советник Ангеле Михајловски, во гостување на емисијата „Стадион“ на „Канал 77“, ги истакна приоритетните проекти од локалната програма на партијата, кои, како што рече, се насочени кон директно подобрување на животот на граѓаните, се вели во соопштението од ЛЕВИЦА кое МИА го објавува интегрално.
„Домот за стари лица ќе биде топ приоритет“, изјави Михајловски, нагласувајќи ја потребата од системска грижа за повозрасната популација.
Тој посочи и дека Левица предвидува изградба на современ мултифункционален центар за лица со аутизам и лица со посебни потреби, што исто така ќе биде еден од врвните приоритети во нивната програма.

Михајловски ги истакна и клучните инфраструктурни проекти за градот:
- Изградба на кружен тек меѓу населбите Балканска и Чардаклија, за кој, како што рече, веќе поднел иницијатива на барање на жителите, но била одбиена од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ;
- Изградба на пешачка и велосипедска патека од Балканска, преку Караорман до Карбинци, со цел подобрување на безбедноста и промоција на здрави начини на движење;
- Преадаптација на нефункционалната раскрсница во населбата Сењак со нов кружен тек.
Посебно внимание Михајловски од Левица посвети на прашањето за градскиот базен. Според него, постојат шпекулации дека локацијата може да се урбанизира и таму да се градат згради. „Наместо тоа, Штип има потреба од функционален општински базен, достапен по прифатливи цени за сите граѓани, менаџиран од локалната самоуправа“, рече тој.
Михајловски заклучи дека програмата на Левица се темели на реални потреби на граѓаните и транспарентен пристап кон управувањето со локалните ресурси.
Фото Левица