• понеделник, 23 декември 2024

Михајловиќ: Следната 2021 година ќе се гради брзата железница Белград-Ниш и пруга до Прешево

Михајловиќ: Следната 2021 година ќе се гради брзата железница Белград-Ниш и пруга до Прешево
Белград, 30 јули 2020 (МИА) - По кратката најава на српскиот претседателот Александар Вучиќ дека ќе се гради брза пруга од Белград до Ниш, денеска вицепремиерката Зорана Михајловиќ, го дообјасни овој иден крупен инфраструктирен проект на Србија. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Михајловиќ на ТВ Хепи објаснувајќи дека покрај модернизацијата на брзата железница од Белград преку Нови Сад до Будимпешта, која ќе биде готоваа следната година, кажа дека Србија следната 2021 година ќе почне со градба и на брза железница од Белград до Ниш, која ќе биде со брзина од 200 километри на час. - Ова е инвестиција со проценета вредност од две милијарди евра, ќе работиме со кинески партнери, кои имаат големо искуство на вакви проекти. Овде не станува збор само за поврзување на градови, туку за регионално поврзување, бидејќи не постои поважен магистрален коридор од Коридорот 10, изјави српската министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура. Михајловиќ потсети дека следната година ќе биде завршен делот од брзата железница од Белград до Нови Сад и дека ќе се гради железничката пруга и кон Прешево, во соработка со европски партнери. Таа потсети дека во Србија немало инвестиции во железницата со децении и дека, според Светската банка, Белград промашил неколку инвестициски циклуси во железницата. - Кога цела Европа развиваше железнички сообраќај, ние тогаш застанавме, што е многу погрешна одлука. Државата инвестира денес во железницата, тоа е стратешки важно за нас. Со завршувањето на овие проекти, ќе станеме многу поконкурентни на Коридорот 4, кој поминува низ Романија и Бугарија. Мораме да работиме многу работи паралелно, да ги задоволиме основните потреби, но и да останеме во чекор со современите технологии, се наедува во соопштението од кабинетот на Михајловиќ. об/ми/

Остани поврзан