• понеделник, 23 декември 2024

Михајлова: Се влошува здравствената состојба на Навални

Михајлова: Се влошува здравствената состојба на Навални
Москва, 24 март 2021 (МИА) - Олга Михајлова, адвокатката на рускиот опозиционер Алексеј Навални, тврди дека неговата здравствена состојба е влошена откако е префрлен во казнената колонија Покров. Таа тврди дека Навални има силни болки во грбот и се жали на болки во ногата. Според неа тој бил прегледан од неуролог, кој му препишал ибупрофен. Михајлова истакна дека таа не можела да го види својот клиент, кој се наоѓа во казнената колонија во Покров, околу сто километри источно од Москва, која е една од најтешките во Русија. Навални издржува 2,5-годишна затворска казна. Тој е уапсен во јануари откако се врати од Германија, каде се лекуваше од труење со нервниот гас Новичок. Навални во фервуари  од затворот во Москва е префрлен во Покров, Владимирската Област. ми/

Остани поврзан