• петок, 05 декември 2025

Митровиќ за поразот од Англија: Беше болно и тешко да се биде на теренот

Митровиќ за поразот од Англија: Беше болно и тешко да се биде на теренот

Белград, 10 септември 2025 (МИА) – Фудбалерот на српската репрезентација, Александар Митровиќ, го коментираше поразот од Англија (0:5) во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година.

- Беше болно и тешко да се биде на теренот — тоа беше тежок пораз. Бевме послаби во сите аспекти, тоа беше голем удар. Но, тоа е она што е, сè уште сме во трка за второто место. Англија заслужи да победи, изјави Митровиќ за официјалниот веб-сајт на УЕФА.

Англија со 15 бода е лидер во Групата К. Србија е на третото место со седум бода.

Во следното коло Србија ќе ја пречека Албанија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан