• понеделник, 23 декември 2024

Митрески: Со предложените измени предлагаме каматата да не смее да биде повисока од долгот

Митрески: Со предложените измени предлагаме каматата да не смее да биде повисока од долгот
Скопје, 15 септември 2021  По предлог од пратениците од парламентарното мнозинство на дневен ред на денешната седница се и дополнувањата на Законот за облигационите односи. Со предвидените дополнувања, се додава нов член кој гласи: Кога износот на стасаната, а неисплатена договорна камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече. Ова во пракса значи дека нема повеќе да има ситуации каде некој граѓанин за долг од на пример 500 денари да плаќа 5.000, 8.000 па и 10.000 денари по основ на камати. Со предложените измени предлагаме каматата да не смее да биде повисока од долгот. Примената на Законот е предвидена од октомври, 2021 година, а со него се решава една долгогодишна неправда кон бројни категории граѓани, се решава еден голем и тежок проблем на учесниците во правниот промет. Затоа, од особена важност е сите пратеници да се стават над дневнопартиските интереси, да се откажат од блокади и опструкции и да дадат поддршка на овие законски дополнувања. Со овој закон не губи никој, а добиваат многумина. Прес-конференција, Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата Центар за комуникации со јавност на СДСМ _________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан