Митревски со втора најдобра одбрана на вториот ден од Европското (видео)
- Се работи за одбраната од последните минути кога Украина оди во контра, но Митревски го спречува ударот на Остроушко. Оваа одбрана е прогласена за втора најдобра за вчерашниот ден.

Виена, 11 јануари 2020 (МИА) - Голманот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски доби уште едно признание за својата извонредна партија при победата синоќа над Украина со 26-25.
За една од своите 15 одбрани, голманот на Еурофарм доби признание и од Европската ракометна федерација (ЕХФ)
Се работи за одбраната од последните минути кога Украина оди во контра, но Митревски го спречува ударот на Остроушко. Оваа одбрана е прогласена за втора најдобра за вчерашниот ден.
https://www.youtube.com/watch?v=9u7fJKNyRdo&feature=emb_title