• сабота, 22 февруари 2025

Митовски најави градежна офанзива во Крива Паланка годинава

Митовски најави градежна офанзива во Крива Паланка годинава

Крива Паланка, 17 јануари 2025 (МИА) - Градежна офанзива во општината со бројни инфраструктурни проекти што носат бенефит за сите, реализација на нови и финиширање тековни проекти за изградба, реконструкција и рехабилитација на локалната патна мрежа, изградба на капитални проекти за водоводна и канализациска мрежа, детски катчиња, спортска инфраструктура, најави градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Во објавата што ја сподели на социјалните мрежи, Митовски нajaви нови проекти што ќе се реалзиираат од областа на локална патна инфраструктура, водоводи, канализации, како и завршување на пет значајни проекти што се во фаза на реализација.

Од службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка информираат дека  2025 ќе ја одбележи финалната реализација на тековните проекти за партерно уредување на дворот на културно-историски објект во село Градец, што се работи во рамки на прекуграничната соработка на ЕУ преку ИПА фондовите, помеѓу Северна Македонија и Србија, ќе се изврши  реконструкција на оградата на Осички мост, еден од петте мстови на Крива Река за кои се инвестираат вкупно 40 милиони денари, доизградба на локален пат Б’с – Кошари, проект значаен за развој на туризмот на туристички локалитет Калин Камен, проектот за изградба и регулација на Куков дол и капиталниот проект за реконструкција и рехабилитација на централната улица „св.Јоаким Осоговски“ на потег од Соларски мост до населба „Единство“, вреден 40 милиони денари од којшто, фаза-2 е комплетирана.

-Ја подобруваме патната инфраструктура, следува изградба, реконструкција и рехабилитација на локална патна мрежа на улиците: „Никола Тесла“, „Панче Пешев“ и „Коце Металец“,рехабилитација на ул. „11 Септември“ и „Ратко Минев“, изградба на кејска улица покрај Крива Река  од кај автобуската станица до вливот на Дурачка Река, рехабилитација на локалните патни правци во Дурачка Река и  во село Кркља, реконструција на централната улица  на потег од технички преглед до населба „Единство“, со изградба на атмосферска канализација, ќе се изврши реконструкција на постојниот пат до Калин Камен и реконструкција на дел од ул."Пиринска“, до поранешниот ловечки дом, нагласија од општината.

Проектите ќе опфатат и изградба на нова водоводна линија во Конопница, „Вирови-Грамаѓе“, доизградба на водоводна линија  Крива Паланка-Конопница, со што ќе се реши еден значаен проблем на населението од село Конопница кадешто ќе се изгради и канализација, а канализација ќе се гради и во населба Маневци.

-И годинава ќе продолжи инвестирањето од Развојната програма на општината за  изградба на детски игралишта и спортски терени, со изградба на детско катче, урбан парк и спортски терен во населба„Бавчал’к“, и во: „Осичка маала“, „Домачки дол" и кај „Технички“, детски катчиња и спортски терени. Нови уредени јавни површини  за потребите на сите граѓани и во 2025 се во фокус на работата на општината, ќе се градат ролерско-велосипедска и пешачка патека покрај Крива Река од Бегови Бавчи до градски базен, за решавање на горливиот проблем со недостиг од паркинг места во градот ќе се гради катна модуларна гаража на локација кај зелен пазар, а многу значаен е и проектот за реконструција на спортскиот терен во ООУ „Св. Јоаким Крчовски“, зграда Партизан, каде ќе се обнови фасадата и ќе биде поставена нова енергетски-ефикасна фасада, додаваат од општината.

Нов урбан-зелен парк ќе се изгради кај населбата „ Единство“-комплекс згради, најавена е доизградба и комплетирање на целата траса на пешачката патека Бабин дол до манастирот „Св.Јоаким Осоговски“, а градскиот стадион се очекува да добие нови трибини.

Најавени се капитални проекти, за кои во фаза на потпишување се договорите за реализација изградба на Дом за стари лица и изградба на адреналински парк на туристичкиот локалитет Калин Камен.

Ќе се инвестира и во проектно-техничка документација за значајни проекти:  изградба на корито на Дурачка Река и пристапна улица, како и за изградба на  колекторски систем со пречистителна станица на Крива Река, нова водоводна линија Калин Камен-Варовиште, како и локални патни правци: м.в. Спас – Крст, Конопница, во „Крстата Падина" со изградба на нов мост, локален пат Градец-Осиче и пат во село Добровница. ид/дма/

 

Фото: МИА 

 

Остани поврзан