• вторник, 05 ноември 2024

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Скопје, 27 септември 2024

 

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

Говорник: Марија Митева, портпарол, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Бујар Османи, Маричиќ, Заев, Ковачевски и Филипче треба да се засрамат за ова што и го направија на Македонија и е рамно на велепредавство ставањето на Македонија во подредена ситуација.

Заев, Ковачевски и Филипче свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да бидеме оставени сама на Балканот и неитегрирани.

Ова е дело на една подолг процес и посеопфатна стратегија за чиј интерес работеа сите кои не и мислат добро на државата, посебно вматрешниот фактор кој е уценет и фатен во корупција.

Заев и Филипче прво лажеа дека Македонија ги почнала преговорите. Сите ја паметат сликата на Заев од владиниот авион, со која се манипулираше и се создаде привид, за само после неколку часа да се види дека немаме датум, ниту почеток на преговори.

Што велеше Филипче - Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја. Тоа што тој и тимот го постигнаа во сите досегашни преговори, како и напредокот кој го направивме во ЕУ интеграциите се за најголема почит. Ова го кажа Филипче за Заев во ноември 2020 година. Кога самиот Венко Филипче мислеше или сакаше ние да мислиме дека Заев не внел во ЕУ.

Во целиот овој период Македонија тонеше во криминал и корупција. Од ситуација да бидеме пред Албанија, истата не стигна и бевме ставени во ист кош. Целта на Заев, Османи, Филипче беше исполнета.

Целта на СДС и ДУИ не завршува тука, следна цел им беше Албанија да се одвои од нас и да оди напред, а Македонија да остане заглавена. За да можат да градст криминал и корупција наместо европски вредности. Нивните погрешни политики придонесоа ова да се случи, да биде реалност. И денес, кој ликува на одлуката Албанија да се одвои од пакетот со Македонија и да ги започне преговорите? Само СДС и ДУИ можеме да го видиме како бараат политички виновници и се апстрахираат од одговорност.

Почитувани, за ова виновни се СДС и ДУИ. Виновни се затоа што 7 години ја потонаа државата во корупција и криминал. Додека зборуваа за Европа не донесоа до ситуација да имаме судство со доверба од само 2%, раст на БДП по глава на жител за период од 2017 до 2023 година дупло помал од земјите од регионот, здравство кое колабира, образование во кое немаше учебници.

ВМРО-ДПМНЕ верува и ќе работи исклучиво врз вистински вредности и во интерес на македонските граѓани и покрај сите опструкции ќе продолжиме да работиме силно за целосна трансформација на државата.ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото и видео: ВМРО - ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан