• понеделник, 23 декември 2024

Митева: Предупредувањето на ВМРО-ДПМНЕ за алармантното ниво стокови резерви се покажа за вистинито 

Митева: Предупредувањето на ВМРО-ДПМНЕ за алармантното ниво стокови резерви се покажа за вистинито 
Скопје, 3 март 2022 Ова е вистинското лице на власта. Вака ја манипулираат и лажат јавноста функционерите на СДСМ и ДУИ, што и не е некој нов и невообичаен скандал за нив. И повторно за жал, предупредувањето на ВМРО-ДПМНЕ за алармантното ниво стокови резерви се покажаа за вистинито. Откако излеговме со сознанија дека има недостаток на стокови резерви, Ковачевски, Бесими и Битиќи експресно ги демантираа ваквите информации кои сега се покажаа за точни. Иако уверуваа дека стоковите резерви се стабилни и полни, вчера, соседна Србија ни откри дека владата на Македонија испратила барање за испорака на вкупно 75.000 тони пченка и пченица. Владата ја донесе Македонија во опасност и веднаш треба да одговори дали стоковите резерви биле празни и поради тоа владата не интервенираше на пазарот?! Ако ја земам за веродостојна и изјавата на Пендаровски дека уште пред 5 месеци имале сознанија за војната во Украина, што чекале до сега и зошто до сега не обезбедиле неопходни резерви? Владата треба да одговори и зошто дозволи цените на брашното и лебот да се зголемат и не презема ништо против тоа? Ковачевски не ги употреби државните резерви со цел да се обезбеди намалување на притисокот врз мелничарите и да спречи покачување на брашното и лебот. Сега гледаме дека причината можеби била во тоа што тие биле празни. Што правеше владата до сега и зошто не беа преземени чекори за полнење на државните резерви? Што доколку Србија немала можност да ни испорача и од каде и како ќе набавеле? Бектеши, Бесими и Ковачевски уверуваа дека стоковите резерви се полни и дека ништо не недостасува, а сега гледаме побарале 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка. Колкава е бесрамноста на овие лица од власта штом дозволуваат вакви изјави и тоа најпрво од директорот на Агенцијата за стокови резерви Реси Абдурахмани, кој кажа - цитирам: Имаме стокови резерви колку што треба. Потоа, Пендаровски изјави: Имавме потреба и побаравме од Србија пченица и пченка. За на крај, да биде срамот уште поголем Горан Милевски вели: Србија сама се понуди, ние не сме побарале пченица и пченка. Ова се изјави кои можат да го потврдат тоа што сите веќе го знаеме, во Македонија ја имаме најнеспособната влада која после ваква дестабилизација на државата, после огромното оштетување на буџетот и после загрозувањето на граѓаните во секоја смисла време е да понесе одговорност. Владата мора да одговори каде завршиле стоковите резерви и што друго недостасува од државните резерви? И за крај треба да одговорат зошто не ги слушаа предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ? Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, интегрален текст од прес-конференција на Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан