• петок, 22 ноември 2024

Мисијата на ОДИХР ќе ја соопшти прелиминарната оценка за локалните избори

Мисијата на ОДИХР ќе ја соопшти прелиминарната оценка за локалните избори
Скопје, 18 октомври 2021 (МИА) - Мисијата на ОДИХР денеска ќе ја соопшти прелиминарната оценка од набљудувањето на локалните избори во Северна Македонија. Тана де Зулуета, шефица на Набљудувчката мисија за изборите на ОДИХР и Штефан Краусе, заменик шеф на мисијата во 15 часот на прес-конференција ќе ги презентираат своите наоди. Во Северна Македонија вчера се одржа првиот круг од седмите локални избори на кои се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. На 3 480 избирачки места, граѓаните можеа да го дадат својот глас за вкупно 10 831 кандидати од кои 299 за градоначалници, а останатите за советници, на 91 листа поднесена од група избирачи односно независни, и 31 листа од политички партии и коалиции. Право на глас имаа 1 824 864 граѓани. За Локалните избори 2021 што се одржуваа вчера акредитирани беа вкупно 1045 домашни и странски набљудувачи и преведувачи. Мисијата за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР имаше акредитирано 217 набљудувачи. Шефицата на Мисијата Де Зулуета вчера во изјава за новинарите рече дека Мисијата ќе остане и за вториот круг од изборите, ако за тоа има потреба. вг/са/

Остани поврзан