• петок, 05 декември 2025

Мисијата за процена на потребите на ОДИХР при ОБСЕ во посета на Собранието

Мисијата за процена на потребите на ОДИХР при ОБСЕ во посета на Собранието

Скопје, 26 јуни 2025 (МИА) – Мисијата за процена на потребите на ОДИХР при ОБСЕ денеска е во посета на Собранието на Република Северна Македонија каде ќе оствари средби со координаторите на пратеничките групи.

Како што соопштуваат од законодавниот дом, претставниците на Мисијата за процена на потребите на ОДИХР при ОБСЕ се очекува да се сретнат со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на опозициската СДСМ Оливер Спасовски, координаторот на пратеничката група од Европскиот фронт Блерим Беџети, координаторот на ЗНАМ Бобан Карапејовски, координаторот на пратеничката група на Влен Беким Ќоку, како и со координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов. ра/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан