• четврток, 04 декември 2025

Мирни и масовни протести во Атина за Денот на трудот

Мирни и масовни протести во Атина за Денот на трудот

Атина, 1 мај 2025 (МИА) – Мирно и масовно, грчките синдикати со традиционални протести во центарот на Атина, денеска го одбележаа Денот на трудот и побараа подобри услови за работниците, повисоки плати и почитување на работничките права, јави дописничката на МИА од Атина.

Во центарот на Атина се одржаа два посебни протести, едниот организирано од синдикатите на вработените во приватниот и државниот сектор, другиот од синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција, а и двата заршија мирно и без инциденти.

Пред грчкиот Парламент беа поставени рачно изработени големи пирамиди со колаж од фотографии од протести од изминатиот период.

На протестите, освен слогани и плакати поврзани со работничките права и Денот на трудот, имаше и за „Слобода на Палестина“ со палестински знамиња.

Поради генералниот штрајк на синдикатите, Грција денеска е без бродски и железнички сообраќај, а проблеми има и во јавниот превоз во Атина, со оглед на тоа што автобусите, тролејбусите и метрото ќе сообраќаат само неколку часа.

Главното барање на синдикатите е враќање на 13 и 14 плата, но и зголемување на платите.

Протести освен во Атина, се одржаа и во Солун и во други грчки градови. ср/сд/

Фото: МИА

Остани поврзан