• четврток, 26 март 2026

Мирна ноќ без интервенции во битолската Клиничка болница

Мирна ноќ без интервенции во битолската Клиничка болница

Битола, 1 јануари 2026 (МИА) - Мирна ноќ и без интервенции во ЈЗУ Клиничка болница-Битола, изјави д-р Ненси Лозанче, директорка на  здравствената установа.

Во одделението за ургентна медицина не се евидентирани итни случаеви за итна помош, потврдија од битолската Клиничка болница.

-Во текот на ноќта, во ЈЗУ Клиничка болница-Битола немаше акутни состојби, немаше интервенции за пијанства, премногу конзумиран алкохол и слично, како што имало во претходни години, а тоа значи имавме релативно мирна ноќ во болницата, истакна д-р Лозанче, директорка на ЈЗУ Клиничка болница-Битола. мт/

Фото МИА 

Остани поврзан