• недела, 22 декември 2024

Минута молк на фудбалските натпревари во Франција

Минута молк на фудбалските натпревари во Франција

Париз, 18 октомври 2023 (МИА) – Со минута молчење пред почетокот на натпреварите во првата и втората фудбалска лига претстојниот викенд во Франција ќе им биде одадена почит на жртвите во неодамнешни напади во Европа и во судирот меѓу Израел и Хамас, објави денеска француската Професионална фудбалска лига (ЛФП).

„Натпреварите од 9. коло во Лига 1 и 12. коло во Лига 2 ќе почнат со минута молк во сеќавање на професорот Доминик Бернар кој до смрт беше избоден со нож во петокот, 13 октомври, пред гимназијата во Арас, потоа двајцата шведски навивачи, кои беа убиени во Брисел каде дојдоа да го гледаат квалификацискиот натпревар за ЕУРО2024 меѓу Белгија и Шведска, како и во знак на сеќавање на големиот број жртви во драматичните настани, кои неодамна се случија во Израел и во палестинските територии“, соопшти ЛФП.

Со минута молчење им беше одадена почит на жртвите во нападот во Брисел и на вчерашните квалификациски натпревари за ЕУРО2024. ег/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан