• понеделник, 13 мај 2024

Министрите за финансии на Г-7 потврдија дека поддршката на нивните земји за Украина останува непроменета

Министрите за финансии на Г-7 потврдија дека поддршката на нивните земји за Украина останува непроменета

Гандинагар, 16 јули 2023 (МИА) - Министрите за финансии на земјите од Г-7 денеска изјавија дека поддршката на нивните земји за Украина останува непроменета, јави јапонската новинска агенција Кјодо, повикувајќи се на јапонскиот министер за финансии Шуничи Сузуки.

Минатата недела, лидерите на Г7 изјавија дека ќе продолжат да и помагаат на Украина со обезбедување оружје, обука и разузнавачки информации како дел од нејзината тековна контраофанзива против руските сили.

Г7, исто така, соопшти дека ќе продолжи да обезбедува финансиска помош за Украина за да и помогне да се справи со последиците од руската инвазија.

„Потврдивме дека поддршката за Украина е непоколеблива“, рече Сузуки по претседавањето со состанокот на форматот Г7 во индискиот град Гандинагар.

Покрај Јапонија, која годинава претседава со Г-7, асоцијацијата ги вклучува и Велика Британија, Германија, Италија, Канада, САД и Франција. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан