• понеделник, 25 ноември 2024

Министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ ќе одржат неформален состанок во Брисел

Министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ ќе одржат неформален состанок во Брисел

Брисел, 29 август 2024 (МИА) - Министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ денеска во Брисел разговараат за ситуацијата во Украина, Газа и Венецуела, јави ДПА.

Средбата е неформална, што значи дека на крајот не се очекува министрите да дадат официјални изјави. Состанокот ќе го раководи високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Состанокот првично требаше да се одржи во Будимпешта, но подоцна беше одлучено да се одржи во Брисел во знак на протест поради посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Русија во јули.

Министрите ќе разговараат со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Тие со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан ќе разговараат за односите меѓу ЕУ и Турција и други глобални прашања од заеднички интерес.

Потоа на состанокот ќе се приклучи Зигрид Кааг, координаторката на хуманитарните напори на Обединетите нации за жителите на Газа.

На крајот, министрите ќе разговараат и за политичката криза во Венецуела по претседателските избори на 28 јули. Минатата недела Врховниот суд на Венецуела објави дека Николас Мадуро е реизбран за претседател, но земјите како што се САД, Перу, Аргентина, Уругвај, Костарика, Еквадор и други рекоа дека гласањето е наместено и дека кандидатот на опозицијата Едмундо Гонзалес е вистински победник. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан