Министерство за здравство: Бројот на жртвите од минатонеделните немири во Непал порасна на 72
- Според последните податоци од властите во Непал, бројот на жртвите од минатонеделните немири се зголеми на 72, откако тимовите за пребарување пронашле тела во згради на државни институции, куќи и други објекти запалени за време на протестите против корупцијата.
Катманду, 14 септември 2025 (МИА) - Според последните податоци од властите во Непал, бројот на жртвите од минатонеделните немири се зголеми на 72, откако тимовите за пребарување пронашле тела во згради на државни институции, куќи и други објекти запалени за време на протестите против корупцијата.
- Сега се откриваат телата на многу луѓе кои загинале во трговски центри, куќи и други објекти кои биле запалени или нападнати, изјави портпаролот на Министерството за здравство, Пракаш Будатоки.
Според најновите податоци, најмалку 2.113 лица се повредени во немирите. јт/
Фото: МИА архива