• четврток, 19 декември 2024

Министерски состанок ЕУ-АСЕАН 

Министерски состанок ЕУ-АСЕАН 

Брисел, 2 февруари 2024 (МИА) - Поттикнувањето на меѓусебната трговија, можностите за инвестиции и регионалните и глобалните безбедносни предизвици ќе бидат главни теми на денешниот 24-ти состанок на шефовите на дипломатиите на членките на Европската Унија и на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН), што ќе се одржи во Брисел. 

Со Министерскиот состанок ЕУ-АСЕАН ќе претседаваат високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и филипинскиот секретар за надворешни работи Енрике Манало. 

Како што се наведува во најавата за состанокот, ЕУ и АСЕАН како признати глобални лидери во регионалната интеграција се важни стратешки партнери во одбрана на мултилатерализмот и меѓународното право. 

На состанокот министрите ќе разговараат за соработката меѓу ЕУ и АСЕАН во поттикнување на трговијата со фокус на зелените иницијативи, дигиталната транзиција и воспоставувањето безбедни синџири на снабдување, за можности за инвестиции во рамки на иницијативата на Унијата „Глобална порта“, како и за регионалните и глобалните безбедносните случувања. Министрите ќе ја разгледаат и имплементацијата на одлуките усвоени на Самит ЕУ-АСЕАН во декември 2022 година и ќе се разговараат за идните чекори. 

На Самитот во 2022 година, ЕУ вети дека ќе мобилизира 10 милијарди евра за проекти за поврзување со АСЕАН во рамките на иницијативата „Глобална порта“. 

По завршувањето на состанокот, шефовите на дипломатиите од членките на АСЕАН ќе присуствуваат на вечерата со која ќе започне дводневниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ. сп/

Фото: ЕУ

 

Остани поврзан