• четврток, 20 февруари 2025

Министерот Тошковски во посета на Секторот за прекршоци кој ќе биде дел од системот „Безбеден град“

Министерот Тошковски во посета на Секторот за прекршоци кој ќе биде дел од системот „Безбеден град“

Скопје, 20 февруари 2025 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Одделот за прекршоци на МВР кој ги процесира и реализира сите прекршочни пријави кои се во надлежност на Министерството.

Целта на посетата била да се запознае со тековната работа на одделот и конкретните предизвици и проблемите со кои се справуваат во одделот со цел унапредување на процесите и нивната ефикасност.

-Подобрување на ефикасноста на сите процеси во Министерството е еден од нашите главни приоритети со цел да понудиме на граѓаните институција која се грижи за нивната безбедност и испорачува брзи и ефикасни услуги во сите сегменти на работењето. Во следниот период планираме преку квалитетна реорганизација на Одделот за прекршоци да го унапредиме неговиот капацитет за да одговори и на потребите на проектот „Безбеден град“, истакнал министерот Тошковски.

Овој проект, додал, ќе биде нова ера, нова страница во унапредувањето на безбедноста на сообраќајот, а Одделот за прекршоци ќе биде составен дел на целокупниот систем. сст/са/ 

фото МВР

Остани поврзан