Министерот Ристовски се сретна со в.д. амбасадорот на Катар Рашид Бин Саид Ал-Хајарин
- Министерот за спорт Борко Ристовски денеска оствари протоколарна средба со вршителот на должност амбасадор на државата Катар Рашид Бин Саид Ал-Хајарин.
Скопје, 24 ноември 2025 (МИА) - Министерот за спорт Борко Ристовски денеска оствари протоколарна средба со вршителот на должност амбасадор на државата Катар Рашид Бин Саид Ал-Хајарин.
На средбата, како што информира Министерството за спорт, беше разговарано за унапредување на билатералната соработка во областа на спортот и за можностите за развој на заеднички иницијативи меѓу двете земји.
- Двајцата соговорници разменија искуства и добри практики од спортските системи на Македонија и Катар, со посебен акцент на спортската инфраструктура и современите модели на организација и финансирање на спортот, стои во соопштението.

Министерот Ристовски истакнал дека Министерството за спорт останува отворено за продлабочување на меѓународната соработка со земји кои имаат развиени спортски програми и силни инвестиции во спортот со цел преку соработка да се придонесе кон понатамошен развој на македонскиот спорт.
- Двете страни се согласија дека постои значаен потенцијал за нови партнерства и размена на знаења кои ќе резултираат со конкретни активности во наредниот период, се наведува во соопштението. мд/вг/
Фото: Министерство за спорт