• петок, 05 декември 2025

Министерот Ристовски им посака успешен настап на македонските кошаркари на ЕП во Белград

Министерот Ристовски им посака успешен настап на македонските кошаркари на ЕП во Белград

Скопје, 24 јули 2025 (МИА) - Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска ја посети македонската јуниорска кошаркарска репрезентација на завршниот тренинг пред настапот на ЕП (М18) од А дивизија во Белград.

Ристовски на македонските репрезентативци им посака успешен настап на претстојното европско првенство, гордо и достојно да ја претставуваат Македонија.

- На нашите млади кошаркари им посакувам успешен настап на ЕП, да играат со срце за Македонија и за македонската публика. Оваа генерација е единствената од нашите кошаркарски селекции што ќе се натпреварува на ЕП во најсилната А дивизија. Местото во најсилната конкуренција го изборија со супериорниот триумф на европскиот шампионат од Б дивизија минатата година. Посакуваме така да продолжат и на претстојниот шампионат во најсилна конкуренција – порача Ристовски.

На континенталниот собир на најдобрите млади кошаркари до 18 години, репрезентацијата на Македонија ќе игра во група со селекциите на Литванија, Грција и на домаќинот Србија. зс/

Фото: Министерство за спорт

Остани поврзан