Министерот Нуредини на средба со градоначалникот на Сарај Беџети
- Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, денеска во просториите на Министерството се сретна со градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети.

Скопје, 30 август 2022 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, денеска во просториите на Министерството се сретна со градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети.
На работниот состанок се разговарало за поддршката на Министерството за животна средина и просторно планирање на општината Сарај, во реализацијата на повеќе проекти од областа на животната средина.
- Имено, беше дискутирано за изнаоѓање на сеопфатно и одржливо решение во однос на управувањето со заштитеното подрачје на кањонот Матка, како и за докомплетирање на документацијата за реализација на предвидените активности за прочистување на коритата на реките Вардар и Треска, се наведува во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.
На средбата биле договорени и понатамошните активности за докомплетирање на потребната документација за поврзување на пречистителната станица во општината Сарај со водоводната мрежа.
На состанокот станало збор и за понатамошната поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање на општина Сарај за реализација на проекти насочени кон подобрување на инфраструктурните услови во интерес на жителите, на општина Сарај и за заштита на животната средина. цр/лв/
